По продавници, да се отепам од купување , се што ми треба и не ми треба ( макар што не знам дали постои изразот не треба кај нас девојките ) ....aaaaх, ми треба добар шопинг, или кафе со другарка, или збиранка кај некоја дома, малку зборување, малку трач рубрика...да се опуштам,да заборавам.
Би сакала да сум на некоја песочна плажа, со убава тиркизна вода, бел песок, фино сонце, со многу вода + овошје+ коктелчиња, и да уживам далеку од монотонијата овде, глупочата, технологии..
Би сакала да бидам на некоја песочна плажа: сончево временце, бело песокче, топла водичка, лежалки, палмичиња, коктелчиња, масажи...... Далеку од технологијава и од луѓево И дечко ми ќе си го земам со мене нема да го бараат и таму овие неговиве другарчињава што ми се на глава качени уф се изнервирав сега Да се вратам на фантазијава, едвај чекам да дојде лето
Некаде каде што незнам никој, да се опуштам и одморам од се Позитивниот став не успева секогаш. Морам да избегам малку од сите и се!
Негде на пуст остров, и да нема никој друг околу мене, освен некоја постара жена што ќе ми прави коктели, јадења, ќе ми помага постојано и ќе ми биде единствена пријателка, ќе ме сослушува и заедно ќе ужива со мене, да биде мојата Дорота, а јас нејзина Блер. Само тоа.