Би сакала да сум во природа, сама без никого во близина, апсолутно никого! Да се преиспитам самата себе, да сфатам што сакам од самата себе прво па од другите. А после убаво да се исплачам и извриштам!
Во некоја осамена планинска куќичка, далеку од сета врева... Да уживам во тишината, а единствениот звук кој ќе ме опкружува да биде пукотењето на огнот...
Би сакала да бидам покрај него, да го разбудам нежно бакнувајќи го во образ да му го разубавам денот. Исто како вчера.