До него. Да си лежиме еден до друг, да бидам потпрена на неговото рамо да ме гушка и да оставиме тишината да збори.. онаа убава тишина..
Сакам да бидам на некое мирно место каде сите обврски нема да постојат. До мене сакам да е мојот најсакан да си се гушкаме безгрижно и да си уживам во животот. И да, се вратив во реалноста...
Во моментов би сакала да " прелетам" на некое место каде ќе биде минимум 35 степени, тиркизно море пред мене, бел песок, лежалка и многу вода, коктели безалкохолни и овошје! Безгрижно, барем на неколку дена, 4 у вис и таков рај!
На големата приколка во село. Ми се дише. Ми се пишти. Ми се гали мојата бела коза. Ми се спокојува ама онака немирно и палаво.