Можеби за прв пат во животот ќе речам, не сакам да сум овде, не сакам да сум тука кај што за еден велосипед згаснува млад живот, каде оружјето е прв избор, каде се гине на скали од болница среде бел ден. Сакам да сум во мојата дома, на југ, каде убиствата не се случуваат за добро утро, каде сите се знаеме и каде омразата не е тема на разговор. Животот ми го смени целосно овој немил настан, ете до толку не сакам повеќе да бидам дел од ова гнило општество.
Бора Бора со коктел да се излежуваме со љубениот, па потоа да ручаме свежо уловена риба на скара и да пиеме шприцер. Да уживам во погледот и по 8 часа во денот да сум во вода. И секако да имам на рапослегање колемо количесто Аутан или било што друго против комарци.