На некое место каде би се одморила психички.Ми треба одмор очајно... А камо да беше тоа некое топло местенце покрај плажа... Ама добро би ми било и на топло местенце во некоја викендичка на Маврово,Шапка...
Јас би сакал да бидам во прегратките на мојата сакана во мојот скромен дом. Џабе ми се сите тие велелепни слики ако не сум со саканата, а кога сум со неа секое место ќе ми изгледа подеднакво убаво како и сите тие ваше прекрасни слики. Еве јас би сакал да бидам овде со саканата особа Кога ќе ја гушнам ама искрено и од срце, веројатно чувството ќе биде како да сум во исто време во Милано, Венеција, Парис.... заедно во исто време.
@anina со фотката од Охрид во СП ми ја разбуди заспаната страст за Летото и авантурите на вода! Душа би дала да сум на местото на девојкава во моментов.
Вила „Анет“, Рабац, Хрватска. На пирошки во еден руски ресторан по име „Кремелин“ во Редвуд, САД. Заливот Корио, Викторија, Австралија. А и нашето убаво Скопје ми фали, само ладно ќе ми биде во ова време да се брцнам вака ... Ах, одлуки, одлуки...
Било каде, само да бидам со него, некаде каде што ке лежиме заедно, мирно и тивко место, единствено нешто што ке слушам е чукањето на неговото срце..
Некаде во природа каде што е лето, времето е топло, дува тивко ветре и има цвеќиња во сите бои. И ако може чист воздух, затоа што ми се смачи од загаденово Скопје, а и од зимава богами.