Некаде каде што врне дожд. Не дека не го сакам сонцето само така ми е наоблачено во душичкава. Ми недостига: Да им дозволам на капките да ми ги излијат грижите Да ми ги освежат сетилата Да ми го изострат духот Да истечат заедно со солзите со доза на мистерија, со китки слобода, со ланец таинственост и конец насмевки.... Е тој, конецот, СО него живеам! Најискрениот го чувам само за себе и дождот. Наша мала тајна е после секој потоп соединети истеци. Нека е. Така имам сигурност. Верувам во него , верувам во себе. Знам дека можам. Повторно ќе испливам !