Јас сум многу скромна во поглед каде би сакала да бидам и она што мене ме исполнува. Јас би сакала во моментов да бидам во некој од нашите преубави манастири пример св Јован Бигорски или св Јоаким Осоговски кој е опкружен со неверојатна природа, да седам онака сама да го пуштам мозокот на пасење и да уживам во црцорењето на птиците. Би сакала кога би можела тоа да си го дозволам барем 1 месец да го поминам таму потполно сама без мобилен, без нервози.... Инаку во околината на Скопје има неколку убави места Марков манастир, манастирт св Богордица на Матка, потоа има убави манастири на падините на скопска Црна Гора. Јас сум особа која сака дружење забава... ама не сум за места каде што има многу луге или каде што е многу топло да лежам да се печам на сонце и да зјапаат разни кретени во мене. Ако се работи за одмор и место каде што можам да ги обновам батериите а не да ги дотрошам се токму овие места што ги споменав.