На некоја егзотична плажа, опкружена со палми, а јас легнат на лежалка, да пијам некој коктел и црнкињи што да ме ладат со палмов лист.
Планина, куќарка со камин меѓу дрва.. Сама, онака да се опуштам и одморам некако ептен сакам А и добро црвено вино за друштво, освен бебушот во мене ммм
Кај него дома, да си се гушкаме и да си праиме утрински муабет со кафенце. Ах таа неговата работа во овој декември месец. Ај уште малку.
Супер што издржуваш и што е само овој месец, мојот постојано е со работа секој ден преку цела година, а тоа страшно ме нервира едвај издржувам.
А ти дали работиш? Тоа е многу битен фактор. Ако ти не работиш потешко се издржува. Јас и да не работам секогаш си барам друга занимација за побрзо да ми мине времето. Го фаќам по некој ден слободен кога е по неколку часа и го малтретирам максимално Не му давам да се одмори, многу сум лоша
Да работам но што ако ме иритира тоа што ретко се јавува и вика дека има премногу работа и постојано се извинува
Тогаш не ти е напорна работата имаш време да мислиш. Јас одам на пракса ама има толку многу работа што кога работиме сигурно нема да му се јавам, не ни помислувам.(па го разбирам него тогаш) А и тој е премногу во гужва па не се јавува често. Ко не работев тоа страшно ме нервираше. Скроз ми е позната ситуацијата. И мојов стално се извинува, па ќе се поправел, ама тоа е за некое време после пак си е исто. Се навикнав некако.