На некој рок концерт, во првите редови, да викам колку што ме држи гласот, да пеам, да играм. А и предлогот погоре, не е лош предлог. Ех, сакам...ама нема.
Далеку од тука , на некој приватен скап остров со коктел во рака , сама и гола легната на врелиот песок на некоја егзотична плажа . Слатко да уживам во глетката на синото море додека немирните бранови од време на време нежно ми ги допираат стапалата
Сега сакам да сум во некој спа центар како овој , да си поседам малце во џакузито и на крај да ми направат некоја релакс масажа
Во мојот дом и сега си одам ... толку беше за денес .... потребен ми е мир и одмор ... Тешко е да работиш и да бидеш на форумов во исто време А и ова местово од Sesilija добро би ми дошло
Не барам многу.Некаде на сонце,со кафе,супер музиче и пријатно друштво! Треба во есен да даваат слободни денови кога се вакви прекрасни деновите,зошто уште малку ќе ги има.Да акумулираат луѓето позитивна енергија за цела зима! Ама тоа мене ако ме прашуваат...
Со мачорот и друштвото некаде на кафенце,т.е. јас на чајче зошто сум болна ама нема везе,битно е да сме заедно
сакам со него да сум на некоја плажа ,да се смееме глупираме да се бањаме облечени па потоа ќе се соблечеме за да се исушиме. Баш како овие двајца сакам паа