Модерна минималистичка „колиба“, во шума што гледа на езерото. Без луѓе, без празници, без цркви, без ритуали, без „вака треба да се однесуваме“, без докажувања, без објаснувања, без прејадување, без интернет? (без интернет, и онака светот нема да се промени ако јас нема да го следам...), само звукот на природата, да се будам со пеењето на птиците, без аларм, и можеби тивка музика без текст во позадина, веслање по езерото, шетање со часови низ шумата додека вдишувам свеж воздух со мирис на борови, наутро, без никаков апарат за фотографирање, сѐ само треба да биде во главата и во моментот, додека ногавиците не ми се навлажнат од роса, ловење риби кои потоа ќе му бидат вратени на езерото за мислите се растворат во погледот, ќе уживам да готвам спокојно без да се брзам, навечер ќе читам некоја книга што ми се допаднала, а не сум ја читал со години, додека слушам како дрвата прпорат, нема да има ни минато, ни иднина, без мисли, пред сѐ без мисли...