Таму каде што не сум, а каде што пред неодамна бев. Сакам тоа што е повремено да биде постојано. Ете токму таму
НА Хаваи со коктел во рака,а да ме служи некој многу згоден тип со сукничка ,и да си уживам самата на плажа...
Во убава,господска куќа на планина,во топол кревет,пиејќи топло чоколадо и да си ја читам фемина И да има камин Еве ваква некаква :
На некое мирно и тивко отворено место,под небото.Да си легнам и да ги гледам ѕвездите,и да слушам музика.Сама да одморам од се.
Некако,дождов надвор ме повикува,да го вкусам. Во нашето паркче,автокомандско... Да си седнам на една,така поосамена клупа. Во неизбежното друштво на цигарите,мојата осаменост и ... Некои звукови,на музика,кои би доаѓале од мојот телефон. Да подразмислам малку. За се. Ај нека заврни и во мене малку дожд...
На скијање, и пак, и пак... и пак Ми се скија едит, сеа видов Кимче, и ти си сакала на скијање. Одиме заедно Ќе те научам
Да бидам во Лондон да ми се исполни желбатa веќе еднаш , па и со ова билетиве што се направени 35 евра во еден правец , супер е
Овде, на тоа убаво мало, чисто и тивко место - село Лозенец, близо до Бургас (Бугарија). Таму бевме на одмор со маж ми лани...и не е никак скапо... Таму сакам и да сум сега, на плажа под жежкото сонце