Во дрвена куќичка, далеку од градот, на терасата легната на клупа пред куќата покриена до половина со карирано ќебенце и гушната со едно мало бушаво кремасто кученце кое ќе ми ја возвраќа љубовта соодветно.
Ееееее таму каде што и најчесто сум посакувала да бидам. По таа чаршија. Прифаќам секакви услови: да газам по пикавци и место балетанки да носам чизми.Само да сум таму
Сакам да сум секаде само не овде....не со друштво,не со него...сосем сама...да си го одморам мозокот,да си го одморам срцето од таквите турбулентни отчукувања....да си ја одморам душата,да се подготвам психички и физички,и да се вратам во реалниот свет каде што секој си гледа само за себе,а јас ќе морам да глумам добра вила за на сите да им биде погодено.....
Како што е убаво времево,сонце ,печит мераци, богами би сакала да сум сега на некој пуст остров уште поубаво и подобро,мерак
Во моментов сакам да сум на Paradise island све исто дали на тој на Малдиви или на Бахами со другарките
Далеку од сите, со мажулето мое, никој да не познавам и да не ме познава , да уживам во секој ден, без стресови, секирации и нервози, само relax, ете тоа ми треба