На света негде тамо далеко! Сериозно! Некаде фар, фар авеј фром државава! Во некој малецка дрвена колиба, до езерце а и да е набутана длабоко во некоја густа шума, одвај видлива! Јас и мирот и тишината, сами на недела дена. Никој друг..
Во една преубава земја, според мене, со преубави уметнички дела и споменици од рим-папа ах да се најдам таму, абракадабрака пу.... да е така лесно, мераци, по брза постапка, без преминување низ некакви законски процедури супер би било
Абе сигурна бев дека сакам да забегам некаде, ама не знаев каде. Сега знам. Кенди, може да ти се придружам? Ми недостига местово...
На некое место некоја планина каде што ќе избегам од сите и ќе се одморам психички, никој да не ми досадува несакам ама баш никого да гледам пред очи во моментов
Некаде на отворено. На некој рид,врв или што и да е во планина. Да застанам,а да дува пријатно ветре. И да се извикам како што немам викано досега. Да видам дали така ќе ми помине товаров на градиве,душата... Сакам да сум во некоја песна на Колдплеј.
На некое cozy местенце, со одбрани луѓе, грицки и ладни сендвичи, чај, топло чоколадо и ќебенца... Па да си муабетиме, и смееме, и си поминуваме убаво. Во позадина музиче, ноќта мине, ти си зборуваш. И времето минува, минува, проблемите ги нема, исполнет си и среќен. Ако ми е за утеха, фемина е баш коузи местенце, има фини луѓе и си муабетиме, можам да си пуштам скринсејвер од некој камин и да се тешам со леб и ајвар. Ладна закуска. Пих.
Надвор на дождот. Дождот секогаш ме потсетува на детството, излегував надвор и се враќав целосно мокра, а мајка ми ме караше да не настинам, не сфаќајќи какво задолство ми причинуваше дождот. Капките се лизгаат по твоето лице, ти го предизикуваат она чувство на слобода, исполнетост... чувствуваш дека си жив. Не, ништо не ми ги враќа спомените од детството како дождот...