Било каде, само да е топло, да има сонце, плажа, вода....и да не се вратам тука додека не дојде мај! За Н.Г си ветувам дека нема пак да мрзнам низ Европа, ма колку сака нека е убаво, ќе оставам за пролет, туку ќе му ја летнам неколку дена до Африка, ако ништо друго!!!!! Уф колку мразам бре зима и ладно...у п.м
На две метра од тука. Да се втријам во него, да ме обземе цела, да ме гушне. А не вака, тој ме гледа нажалено од таму и ме вика, а јас сум го оставила со еден куп книги. Креветче мое мило.... не плачи, не жали, јас ПАК ќе ти се вратам
Некаде покрај разгорен камин, со изгаснати светла, а светлина само од огнот. Пикната под меко ќебе заедно со љубениот, гушнати. Во позадина тивка музика, некоја лесна, релаксирачка. Да потпивнуваме црвено вино, да гледаме надвор како врне снег и да уживаме.
Пошто ја отстапив куќата во Нормандија, јас си избрав друга во Бретањ.. ете така! http://bellesdemeuresdebretagne.com/108127/ тука мајсторе! Вози, ене каде е
На поткровје во највисоката зграда во градот. Пред мене огромен прозорец, од десната страна каминче, од левата шолја топло чоколадо. Лап-топот в скут. Јас - завиена во огромен топол дебел црвено-кафеав џемпер. Надвор - снег. И градот на дланка.
Сега сакам да сум со него негде далеку каде ќе уживаме со масажи,коктели и ќе лудуваме по цели денови