Сакам да бидам заедно со него некоја планина во мала куќичка каде што има камин и е многу топло, да си лежиме на перничињата расфрлани покрај каминот гушнати и среќни, ништо да не ни фали. Ете тоа сакам
сега сакам да сум во радовиш во родниот град и да седам во некој кафич со пријателките наместо да се одам на некој досаден состанок
Вреди ли да се правам глупава и да прашам - на каков состанок жити се? и со новата кола ли ќе одиш? во париз или италија? и беше на фЛизер , нели?
Уште на 16 години оди по состаноци, мора да е премногу зафатена, што дури и седи на фемина. Он топик. Сакам да сум тука, кај што сум, пред компјутер, само ова да беше летни распуст, а не зимски.
Би сакала да сум на некое екстра мирно, тивко и топло место таму каде што никој нема да ме вознемирува, да си уживам во тишината, да си читам некоја добра книга покрај некој добро разгорен камин да си подпивнувам црвено винце и тивко да ми свири најрелаксирачката музика, да се одморам од луѓе, од гужви, од славење, од се е таму сакам да бидам
На врвот на Емпајр Стејт Билдинг! Со старбакс во раката и едно супер згодно типче до мене Гледајќе го цел Њу Јорк пред мене
Rio De Janeiro (просто го обожавам Бразил и Рио, и сакам да сум тамуууу кога би имала можност би отишла обавезно)
сега сакам да сум кај моите....да си пиеме чајче и да чекаме да почнат да се палат коледарските огнови па да појдеме малку да се забавуваме таму....но и сега ми е убаво...си пијам чајче од јаболко и цимет и го чекам детето мое да си дојде од кај другар му и да си се погускаме па да ги лечиме рипчињата оти ни се болнички и после да одиме некаде на оган miss my parents!!!