Маврово , Банско , Златибор... или во некоја си планина во викендица со друштво каде што има многу снег а внатре е топло преубаво....убајни
на некое интересно место каде има тишина и можам да си го слушам мозокот што сакам , сакам да си слушам музика ајде слушај си , ти се спие легни си ..секако со личност што секогаш сакам да е тука до мене ...............
На одмор (бај д веј) ставрно ми треба одмор.......... да се спружам на некоја песоклива плажа покрај море на зајдисонце мммммммммм.
Во планина, во некоја зимска куќичка каде има камин. Да го гладам снегот и пламените јазици од огнот. Ама не сама се разбира, во негово друштво .
Во џакузи со топла пена, да си пиеме шампањ и мацкаме јаготки со бела чоколада јас и тој. Клише тотално, ама баш тоа сакам. Да одморам тело, мисли, да се сакам со него хедонистички.
да има голем камин од кој се шири пријатна топлина....... ама да не си сама,може уште само една личност
На некоја планина со мнооогу снег, во дрвена мала куќичка со големи прозорци, камин на дрва и мало друштво околу него со шолји чај во рацете. Да се грееме и сушиме од снегот околу огинот кој ќе си крцка убаво од сувите дрвца...ах
Едвај чекам да одиме во Софија, после во Банско!! (уште 2 дена ) кент вејт!! А и идеите над мене се супер , добро би ми дошле