На некој клупа во Градски, во друштво со моите мисли, да гледам пожолтени лисја и да ги газам под мене, да ми шушкаат, да ги влечам патиките, да се виткам со шалот, да пушам цигара и да го следам чекорот да димот. Во позадина може песничкава. http://www.youtube.com/watch?v=mzgjiPBCsss
На некоја плажа во Канкун, го обожавам местото. Да се сончам, ми фали лето, не сум некој голем обожавател на зима.
Во моментов би сакала да сум на островот БОРА БОРА, незнам дали сте слушнале за местово.. Прекрасно е, видов некои слики преку интернет и останав без зборови..
И јас сакам, тоа ми е деастинација од соништата, Малдиви- Ех што не сум сега таму на тераса во една од тие куќарките со коктел и сладолед да уживам во прекрасната гледтка и мирисот на океанот.
Затрупана на Кожув со еден човек. Толку. Сите нека ги спасуваат,јас не сакам да бидам спасена,ќе чекам пролет и ќе јадам месо во солило,евентуално кисела зелка и слично ако треба!
Дома, покрај каминот, да бидам опуштена, мирна, безгрижна, завиткана во кебенце, да пијам нешто топло, надвор да врне снег, а јас да уживам гледајќи.