На кафе со неколку форумџифки и разурлани муабети. Само без тепање за да не ме потсетувате што ми е струка и да ве средам
во Oбединетите Aрапски Eмирати,или Бахраин, или Либан, или Тунис, или Израел, или Кувајт каде било таму од горе наведениве.
Дома.. Нигде поубаво од дома.. Со моите, кафенце да си пијам, да се смеам со мама и да се зезаме со тато..
Ааа, на англиски. Не дека го обожавам курсов, али го обожавам детето што иде со мене. Је, је, таму, баш таму, до него. Таму ми е најубаво.. Најубаво.
Во моментов би сакала да сум на некое вакво место... Да седнам, сама, загледана во залезот на сонцето кое ги гали брановите на некое море, да ги разбистрам мислите, да размислам што понатаму, да размислам како да го направам овој живот поубав...
Во харемот кај Величествената.Ама на местото на Хурем,да и покажам малку на Махидевран--и секој кој ќе ми го попречи патот. И да..нормално после пак да си се вратам како Сара.