Моментално сум без идеи. Сакам да биде нешто интересно, а не по дома алкохол и после во дискотека. Лето е, такада еден од предлозите се базени ама не ми изгледаат примамливо. Полнам 23 години, такада и поканетите ке бидат горе-доле исто годиште. Секоја идеја ми е добредојдена. Поздрав
Зависи со колкав буџет располагаш и за колку луѓе се работи. Можеш да славиш во коктел бар или во некој интересен ресторан( Кинески,Мексикански,Суши ресторан). Исто можеш да организираш тематска забава. Пример музика од 70ти , 80ти итн. Или забава под маски. Најфина летна идеја според мене е да организираш забава во двор , ќе поставиш чадори , маси со јадење (пази на топлово со изборот на храна) и пијалоци. Можеш да направиш `пијани лубеници`. Зимаш лубеница ја сечеш на пола ,ја вадиш внатрешноста и ја полниш со алкохол. Ако имаш услови и опрема може да биде тоа интересна караоке забава.
Mene najmnogu mi se dopagja idejata so maskite, ama ne veruvam deka i drugite ke sakaat da se maskiraat Fala na ideite, site se mnogu inovativni [mod-kirilica:38f9ifh0][/mod-kirilica:38f9ifh0]
Па немора целосни маски, може само некои вакви.. Би можела да искомбинираш, забава под маски (како оваа погоре) и да го уредиш дворот па со пијани лубеници и некои такви работи. Јас баш би сакала да присуствувам на некоја таква забава. Дури и за да се осигураш дека сите ке имаат маски би можела ти да купиш (секако доколку си добро финансиски подкрепена ) па кога ке доагаат да си зимаат по една. Ахх ахх, едвај го чекам мојот роденден, штета што тогаш нема да има лубеници.
Убаво рече Waka-waka, се зависи од буџетот.Ако си поограничена во однос на парите, секогаш преостанува да си одбереш некој интересен кафич. Идејата за базен е интересна, ама не мислам дека е прикладна за некој што полни 23 год, некако тоа ми е повеќе за деца.Ресторан пак, ми е повеќе за возрасни.Како што веќе ти кажаа, убаво е да најдеш поголем двор, можеш убаво да го средиш, па да донесеш некои натписи, балони, музика...
Можеш да си го прославиш роденденот во некоја пицерија. Навистина е убаво.. ке ги почестиш другарките ке се забавувате а подоцна можете да заминете во некоја дискотека и да продолжите со журкањето.. од една страна идеите што ти се дадени над мене се преубави, ама сепак 23 роденден па немора да се изложуваш не толку големи трошоци.. згора на тоа и возраста според мене одговара за пицерија, малку по мирно место, има луѓе на таа возраст.. сепак ти си знаеш. Сакаш строго вечерно време да го прославиш роденденот? и нека ти е среќен роденденот од мене.. се најубаво
Зависи до колку пари сакаш да чекаш роденден,и колку гости ќе поканиш. Јас го чекав дома ,поканив 50 деца и ме чинеше 100 евра Можеш во ресторан ан отворено,ако си од град каде што има езеро можеш таму да го чекаш.
Сеа у декември полнам 18. и се двоумам меѓу изнајмување локал , и славење у некој кафич ? Незаборавен роденден сакам да ми биди овој , 18че е , + нема да имам лимит со парите па ќе можам да се опуштам.Вие шо викате, прва опција-втора?
Па ако ти е дозволено да трошиш тогаш изнајми си локал и како што навеле некои форумџики погоре , ќе си уредиш како што сакаш
Сега на 26 ноември ми е роденден но незнам каде да го чекам! Се надевам дека ке ми дадете идеја на некое место!
Ќе славам 13 год. за недела ипол,ама појма немам каде да го славам.Сакав во куглана,ама прерачунавме дека во кугланата во Сити Мол ќе не чини нешто повеќе од 14.000.Во Борис Трајковски не е толку скапо,ама сепак 5000 не ми се даваат.Идеи?
Зависи какви ви се интересите... На пр. многу оригинално доживување е во планетариумот во МКЦ, а после тоа можете долу на сокче. Можеш во пицерија, една семејна пица е просечно 400 ден (зависи колку деца ќе сте)+ сокче, ем муабет, ем пица, ем поевтино. Ако не сте многу деца, има 7Д кино сега, многу се интересни претставите, со движење на столчињата, прскање водичка и сл. , и после може да ги однесеш на по едно сокче во МCDonalds (Во Џамбо и во Рамстор ги има). Е сега, билет е 150 ден, ама претставите се само некои 5-10 мин., па зависи колку деца сакаш да викнеш (има само 8 седишта). Ама пред се зависи што би ви било интересно, што сакате како друштво. Почни од тој податок, па понатаму.
Годинава ке полнам 16. Во април ама немам идеа каде да го славам... Ке може по некоја идеичка дами дадете.
Мојата братучеда ме замоли да и помогнам да одбере каде да го слави роденденот и незнам што да и речам... Вака: ќе полни 15 години и во план и е да кани околу 10 деца (не сум сигурна дали ми рече дека повеќето ќе бидат девојчиња или сите ќе видат девојчиња...) Каде би и препорачале? Ве молам помогнете ми итно е, роденден и е за точно 1 недела