Мене денес ми е роденден, ама ќе го славам на 24. Ем неработен ден, ем моите се на свадба. Па сакам во дворче, ќе ставам маса со нешто грицки-мицки и пиење. Околу 10 души ќе викнам (повеќето се машки), ќе земам такви капи конусовидни книжени и то.
јас ќе го правам во школски повеќе од пола од клас прааат во вулкан,стар...ти реков ми рече ..а сите сакаат да играат вистина или предизвик,љубовно шише и сл.Така да мислам дека интересно ќе ни биде плус ќе има и „не поканети„ гости што ќе бидат во школски тогаш
Дома најубаво со најблиските другари, другарки...јадеш пиеш колку сакаш си пушташ каква музика сакаш поопуштена атмосвера и плус помалку ќе те чини.
Ќе може да ми кажете некое место во скопјево каде што имате поминато еден родеден да биде кафич или дискотека... и каде би можело да собере едно 40-50 луѓе ) фала ви однапред
За 1 недела ми е роденден,а уште незнам кај ке го славам Дајте идеа женски,некој добар кафич или кафана..
На базен! Јас го славев таму и сите убаво си поминаа. Па дури и возрасни. Може во воениот базен тој сега е супер направен самошто е скапооо....
Зависи каква атмосвера сакаш. Можеш во Drinkers за полуда забава --> https://www.facebook.com/pages/Drinkers ... 79?fref=ts Или во АБЦ за помирна ама убава ноќ --> https://www.facebook.com/pages/ABC/2084 ... 94?fref=ts Или во Боними као кафана-ресторан е, обично има жива музика, можете и да заиграте http://skopjeid.com/lokacii/restoran-bonimi/
Фала, Па сакам така полуда ноќ,не нешто секојдневно. Размислувам за во кафана повеќе..Во боними некако нели е и за по возрасни? Неколку пати сум била со моите,вака со друштво не.Размислувам и за Мома или за еvery day. Што мислиш за овие две ти ? )) Фала
Ја го славев во Дион, четврток вечер беше имаше журка со Панки, свиреше све весело, се погодивме 4-5 родендени таа вечер таму, се изнаигравме и супер беше, многу убаво си поминав.
Па секакви одат во Боними. Јас само еднаш сум била и многу убаво си поминав. Иначе мислев да ти го препорачам и еvery day. Многу фино место, ама ќе треба да седите на маса.. не сум видела некој да игра таму (иако има свирки) Можеш во Мома, сигурно лудо ќе си поминете. Ама можеш и во Дринкерс, таман во Центар е, има ефтино пиење и весела атмосвера.. плус и многу слават родендени таму. Јас ако би бирала кај да славам би го одбрала Дринкерс
Во Скопје некое поинтересно место за славење 14ти роденден? Не е за мене,за другарка прашувам за мене има уште доста време
наскоро полнам 18години и би сакала да приредам нешто интересно.Се договоривме заедно со една другарка да го славиме еден ден сме разлика па ако може некој интересен предлог..