Здраво, сакав да споделам искуство со вас Мојот 18 роденден го прославив со друштво во викендичка и можам да кажам дека беше најдобрата роденденска забава до сега, феноменално поминавме
Зависи од друштвото. Ако не сакаш журки со алкохол и пијаници најдобро преку ден (демек по некоја логика нема да им е до пиење сред бел ден) или дома со ограничен алкохол.
Предлог место во Скопје за 18ти роденден? Сакам да е во кафич, околу 20-30 гости и dj.Или од самиот кафич или ќе си донесам мој. Планирам на принцип на конопои да функционира.Да кажеме по 4-5 на конопој. Се мислам за Брик Бар, Бугати на Рузвелтова, Правда или некој кафич сличен на нив. Во Џус Бар имам славено веќе така да не го ни земам во обзир.
Ако имаш пари за расфрлање можеш во Брик или Правда убаво е не дека не е ,ама со оглед на тоа дека цените им се астрономски....хм Со дј мислам у спалато дека има....братучедка ми славеше таму
Casa bar и Lokal 45 се фини места кај што одат помлади. Во Casa има dj во петок-сабота, за Lokal не сум сигурна.
Во Локал не ми се слави.Многу ми е напнато некако. Каса ме нервираат, пет пати ме вратиле од кафе пошто немам лична карта Ќе размислам за таму Фала на идеите.Ако имате некоја друга идеа кажете
Офф... доста сум постара од тебе, па изгледа веќе не знам каде се излегува на твои години Баду во Порта Влае исто е многу кул местенце и има убави коктели, ако сакаш некоја полајт варијанта.
Немам 18..и тогаш кога планирам да го славам нема да имам бидејќи ќе го славам порано.. Шах-мат. Иначе @Avery го знам Баду ги имам коските оставено таму ама ептен е кафич стил, а немаат ни коњопои доволно.А немам од кај да влечкам. Затоа мислев Брик, Правда така нешто. Ем имам деца во радар Ѓорче-Аеродром, златна средина ми е Центар, Дебар Маало ем ми се сфиѓа така на конопои и по друштво поделени по 4-5ца
Здраво девојки, Прашањево не сум сигурна дали припаѓа на темава, ама гледам дека ги "караат" тие што прават теми а веќе постои слична, па така.. Дали знаете некое место во Скопје каде се одржува настан сличен на бал? Дома имам преубави фустани што сум ги носела само еднаш, два пати по свадби и свечени родендени. Освен тоа мислам дека би било интересно, невообичаено искуство. Прочитав дека се одржувал Виенски бал во Александар палас, но оваа година нема информации. Фала ви
Dobro vecer. Ne znam dal sum na vistinskata tema no mi trebaat idei za proslava na 9 ti rodenden na sinot. Vi Blagodaram odnapred