Здраво девојки! Сакав да споделам нешто со вас што го прочитав на црнобело... На плажа со поголеми гради Жените со мали гради од сега ќе можат и на плажа да носат пуш ап ефект благодарејќи на новата линија костими за капење чии посебни корпи... ...ги зголемуваат градите за два броја. Instant Boob Job VIP изработи костими за капење од посебен материјал кои не впива вода, а на градите им дава природен изглед. Жените сакаат да се чувствуваат самоуверено, особено кога се на плажа. Затоа овој костим за капење уште веднаш привлече внимание кај понежниот пол. Еве и линк да ги погледнете сликите.. http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... lemi-gradi Па се прашував дали некоја од вас знае каде можат да се набават.. Мислам дека ова е многу поубаво решение од корпите и дека многу попривлечно изгледаат за спротивниот пол... Што мислите вие ?
На плажа јас сакам удобност, не да ме стикат корпи, фижбани, да ме боли вратот од што стега врвцата. И што за да има ефект за 1 поголем број? Големо чудо. Јас имам мали гради и ич не ми е гајле што се мали. На плажа битно ми е убав да ми костимот за капење, да ми е удобен, да си уживам додека се сунчам, да е од убаво материјалче, а градите тие се тие, си ги сакам мали. И не носиш тука фустан или блуза па да може да лажираш големи гради, ова ти е како прслуче, од километар се гледа дека градите се мали само стиснати и кренати се. Застани до некоја со бујно деколте и џабе што имаш специјално бикини, нејзиниот граден кош ќе е раскошен, не твојот
Ако може линкот некако да го добијам,овој не ми се отвара.Ептен ме заинтересира какви се и дали се стварно добри.
Јас си земав лани вакви бикини и тоа случајно, ми се свиѓаше шарата, ама откако го увидов и ефектот сигурно и годинава ќе земам такви
http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... lemi-gradi еве го линкот се надевам дека сега ќе ти се отвори
Јас си земав лани со пуш ап и со два доли дела едниот нормален и со танга (гратис) иначе од шутка од пазар го земав некаде околу 800 денари беше
Ми се отвори линкот.Благодарам Ми се допаѓаат,сакам да си купам.Ако може цената Фемина90 да ни ја кажеш
Само горниот дел 1600, ама ако отидете накај мај, зашто е ланска колекција сигурно ќе биде многу поевтин.
Девојки, јас би сакала да знам во која од продавниците низ Земјава може да се најдат костими за капење со пуш ап ефект и ноивната цена, како и дали може некој од вас да постира слики?
Дамнешна желба ми е да имам еден таков, ама кога ке дојде време да си купам бикини ќе најдам некој други кои ке ми паднат во очи и веднаш ги земам тие, а push up-от го оставам за секоја наредна година ајде ќе си побарам и ја во голден поинт, може ќе земам дефинитивно оваа година push up
Не благодарам. Мали гради, тоа е... што да правам.. колку имам толку. Битно да се чувствувам убаво и комотно. И со тоа доаѓа сексипилот.
Секогаш кога купувам костим за капење купувам пуш ап горен дел. И не, не се чуствувам непријатно, туку баш напротив, многу посамоуверено се чуствувам отколку кога би носела без корпи и потполнки. Би сакала малку поголеми гради, а кога можам само со пуш ап градник да го постигнам тоа, зошто да не? Секогаш го бирам она во што најдобро се доживувам себеси. Како што некои се чуствуваат попријатно во обични бикини со само едно парченце материјал врз градите, така јас попријатно ( и по секси ) се чуствам со пуш ап. За среќа, сега изборот е голем, има прекрасни модели, боички и бројчиња кои визуелно го подобруваат дури и најсиромашното деколте, па така можам да кажам дека гордо се соблакам на плажа... Со што и неможат многу луѓе да се пофалат