Каде да купам бикини?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од unlucky, 14 април 2011.

  1. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    73
    Здраво девојки! Сакав да споделам нешто со вас што го прочитав на црнобело...


    На плажа со поголеми гради

    Жените со мали гради од сега ќе можат и на плажа да носат пуш ап ефект благодарејќи на новата линија костими за капење чии посебни корпи...


    ...ги зголемуваат градите за два броја. Instant Boob Job VIP изработи костими за капење од посебен материјал кои не впива вода, а на градите им дава природен изглед.

    Жените сакаат да се чувствуваат самоуверено, особено кога се на плажа. Затоа овој костим за капење уште веднаш привлече внимание кај понежниот пол.
    Еве и линк да ги погледнете сликите..
    http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... lemi-gradi

    Па се прашував дали некоја од вас знае каде можат да се набават.. Мислам дека ова е многу поубаво решение од корпите и дека многу попривлечно изгледаат за спротивниот пол...

    Што мислите вие ?
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    На плажа јас сакам удобност, не да ме стикат корпи, фижбани, да ме боли вратот од што стега врвцата.
    И што за да има ефект за 1 поголем број?
    Големо чудо.
    Јас имам мали гради и ич не ми е гајле што се мали.
    На плажа битно ми е убав да ми костимот за капење, да ми е удобен, да си уживам додека се сунчам, да е од убаво материјалче, а градите тие се тие, си ги сакам мали.
    И не носиш тука фустан или блуза па да може да лажираш големи гради, ова ти е како прслуче, од километар се гледа дека градите се мали само стиснати и кренати се. Застани до некоја со бујно деколте и џабе што имаш специјално бикини, нејзиниот граден кош ќе е раскошен, не твојот :D
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    200
    Ако може линкот некако да го добијам,овој не ми се отвара.Ептен ме заинтересира какви се и дали се стварно добри.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Јас си земав лани вакви бикини и тоа случајно, ми се свиѓаше шарата, ама откако го увидов и ефектот сигурно и годинава ќе земам такви :D :$
     
  5. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    73

    http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... lemi-gradi еве го линкот се надевам дека сега ќе ти се отвори :)
     
  6. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    73

    а можеш ли да ни кажеш од каде го набави.. па да побараме и ние?? :) :$
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Во Голден Поинт, на Сиси беше, црно-бел :)
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 09101986

    09101986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    8
    Јас си земав лани со пуш ап и со два доли дела едниот нормален и со танга (гратис) :lol: иначе од шутка од пазар го земав некаде околу 800 денари беше :D
     
    На Tina2017 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    200
    Ми се отвори линкот.Благодарам :) Ми се допаѓаат,сакам да си купам.Ако може цената Фемина90 да ни ја кажеш :)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Само горниот дел 1600, ама ако отидете накај мај, зашто е ланска колекција сигурно ќе биде многу поевтин.
     
  11. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    173
    а каде се наоѓа поточно Голден Поинт? :?:
    p.s. не сум од Скопје јас :geek:
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Има во рамстор и на рекорд, подоле од автобуската кај фибула травел :)
     
    На unlucky и easyyyyy им се допаѓа ова.
  13. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    53
    Девојки, јас би сакала да знам во која од продавниците низ Земјава може да се најдат костими за капење со пуш ап ефект и ноивната цена, како и дали може некој од вас да постира слики?
     
  14. Tanjusska

    Tanjusska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Уфф баш се добри :) Сакам и јас! :)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Ноу тенкс!
    Уште на плажа да ме стега нешто |(
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    8.074
    Пол:
    Женски
    Дамнешна желба ми е да имам еден таков, ама кога ке дојде време да си купам бикини ќе најдам некој други кои ке ми паднат во очи и веднаш ги земам тие, а push up-от го оставам за секоја наредна година :) ајде ќе си побарам и ја во голден поинт, може ќе земам дефинитивно оваа година push up :D:D:D
     
  17. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    108
    Не благодарам. Мали гради, тоа е... што да правам.. колку имам толку. Битно да се чувствувам убаво и комотно. И со тоа доаѓа сексипилот.
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    Секогаш кога купувам костим за капење купувам пуш ап горен дел.
    И не, не се чуствувам непријатно, туку баш напротив, многу посамоуверено се чуствувам отколку кога би носела без корпи и потполнки.

    Би сакала малку поголеми гради, а кога можам само со пуш ап градник да го постигнам тоа, зошто да не?

    Секогаш го бирам она во што најдобро се доживувам себеси.
    Како што некои се чуствуваат попријатно во обични бикини со само едно парченце материјал врз градите, така јас попријатно ( и по секси :) ) се чуствам со пуш ап.

    За среќа, сега изборот е голем, има прекрасни модели, боички и бројчиња кои визуелно го подобруваат дури и најсиромашното деколте, па така можам да кажам дека гордо се соблакам на плажа... Со што и неможат многу луѓе да се пофалат :)
     
    На QueenB и unlucky им се допаѓа ова.
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Таквите се за мене... :$
     
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.034
    За убавина се трпи :lol:
    Ми се допаѓаат. Би сакала и јас едни :angel: