Бев јас го Голден Поинт, тој кај Рекорд и имаше неколку модели.. 1800 комплет (горен+долен), ама некако имаше 1/2 убави, другите сите беа скроз црни како мислиш по долна облека се шеташ, и посебно горен дел 2800 ден. долен дел 1800 ден.
Бев и јас и во Голден и во Лиска, ама верувале или не - сите ми беа големи. Точно дека сум слаба и имам мали гради али не сум без ич. Во Голден најмалото бројче што го носат им е 2 (а за мене треба 1 очигледно). Ланските од Голден ми се таман, ама годинава неможам да си најдам точни (не, не сум ослабена).... И нема многу избор, точно има многу црни и еднобојни. Јас сакам нешто шаренко, весело... А и во Лиска најмалото бројче ми е големо, се нервирам
Немам ништо против да имам еден таков али сепак другите без пуш-ап ми се помили и покомотни за на плажа.
Конечно и јас да си најдам бројче од бикини со пуш ап, моето е лиска, го земав пред нецела недела , малце солено, 3300 , ама си вреди за секоја паричка, особено за моите гради-негради. Да живеат дарежливите мажи..
Јас видов во Sara fashion бикини со пуш ап.. не беа скапи, околу 700-800ден беа.. ќе ги земев ама шарата не ми се свиѓаше
Си купив бики со пуш ап ефект од Пенти. Но, толку многу сум за греота што кога ќе ги облечам внатре го има само пуш апот!! Ништо повеќе...
Ако мислевте на нешто вакво ?! Немам мали гради но од некоја глупава причина поудобно се чувствувам со пуш ап на плажа.Како да ми се посигурно сместени внатре.Имав неуспешен обид кога на шнајдер го однесов горниот дел и градник да ми го стави внатре.Па и искрено не изгледаше лошо, испадна како што се надевав, само проблемот беше кога ќе се намокри - многу тешко се суши а јас не можам да поднесам влажна облека на мене, посебно на градите.Сето тоа затоа што не сретнав бикини со пуш ап по продавниците. Прашање до оние кои поседуваат такви, дали го имаат истиот ефект ?
сите го споменувате голден поинт, па да ве прашам: јас зедов од таму бикини, после 5-6 пати на плажа целиот ми се растегна, испушти ластици (дватта дела). многу се разочарав, а намерно купив поскап, за да го носам!
Абе имам проблем ... ми требаат неколку пара костими за капење ама незнам од каде да си купам. Сакам да бидат по квалитетни за да можам да ги носам и догодина.. Плс кажете некоја продавница за костими за капењеее...
де бре девојче,имаш секаков избор,имаш ценовник и според џебот купуваш, според мене најквалитетни имаш во лиска (така скапи се ) ама имаш и други места
Од шутка. Лани си купив преубави, квалитетни се и цврсти ништо не им фали, оваа година ќе ги носам пак. Ги купив 500 ден. горниот дел е без прерамки, има сличен на Викторијас Сикрет, и многу сум среќна што им беше само еден, не видов некоја со исти бикини. Од Грција исто начекав за 3 евра бели бикини, ми се погодија ептен. Снабдена сум за оваа година.
Имам едни од лиска, од 1ва година средно ми ми се, уште се здрави, малку ми се мали само во градите, битно не е уште попуштен ластикот. Чудо од купачи а ги имам премгногу носено. Ако ти се даваат 1600 и нагоре, добра инвестиција. Од калцедониа исто, ама таму се наоѓаат и поветини до кај 1000ка има, има и поскапи секако, исто имам два пара, квалитетни се погодија, а интересени дезени, имаат преголем избор. Обично тие поубавите се и доста поскапи, но на крај на сезона август-септември се наоѓаат за пристојни цени, а преубави модели. Голден поинт исто има разни цена на купачи и поевитни и поскапи, ама мене ме ограничуваат со избор, немаат Ц корпа или еднобојни се многу. Во сара фешн имаше убави купачи а не беа скапи и горен и долен за 1000ка имаше. Не планирам да купувам година купачи, али ако би земала од калцедониа сигурно