Јас купив од Битпазар, имам порачувано и од Орбис. И на Битпазар има и поквалитетни и поскапи. Има една едни спроти полицијата кај Пластичарска вршат и достава. Овен текстил. И од таму имам порачувано целосни фкекери и за столици навлаки, ми се погодија.
Девојки хелп. Ми треба идентичен модел како на сликата, само црна боја. Каде да најдам? Овие ги нарачав лани од XL shoes на крем, и многу ми се добри но ми требат на црно никаде не можам да најдам. Носам 41, и ретко ми одговора некој модел, а овој ми е супер но никаде нема.. Ако случајно сте ги виделе некаде би била мноогу благодарна за помош. Онлајн да е ми одговора најмногу за да ги нарачам веднаш..
За онлајн не знам, имаше вакви во продавниците карши тутунски во Кисела вода. Е сега пошо е зима и се уште имаат чизми, треба да видиш дали имаат. Најчесто во последните редови чуваат вакви модели
Нема таму, има други масла баш ова го нема. И други масла наогам органски ама баш ова никако да го најдам со месеци.
провери во аптеките зегин,еурофарм ... во нашиот дм ( не сум од скопје) баш бев вчера имаше од рицинус,бадемови и др
Од каде да нарачам летна гардероба? И женска и машка, ни излезе шанса за патување, но нема од каде да купам/нарачам... Помош? ♡
Скоро во сите продавници по моловиве има летна гардероба на попуст од стара колекција ама негде има и нова