Каде можам да најдам во Скопје 3Д сложувалка фудбалски стадион? Порано имало во Литература.мк но повеќе нема на залиха. https://www.literatura.mk/slozuvalk...dion-villareal-cf-de-la-ceramica-119-parcinja
На Пластичарска има во последната или претпоследната продавница од лево кога одиш од амбасада кон Ист Гејт. Мислам дека Хомакс е продавницата. Ти сечат по мерка. Подебели се таму фолиите. Само една дебелина се. Иначе на пазар во Ѓорче сум видел дека има и потенки.
Тешка работа. Јас 10 минути седев внатре пред фолијата и чекав да дојде да ме услужи некој, од што имаше гужва. Треба со ножици да ти сече форми, но не се надевај на тоа. Подобро сама ќе си ја исечеш. Од едната страна не ја сечат, да знаеш, тулу колку што е долга, толку е. На метро се продава. Мрне околу 1.000 денари ми испадна за димензии како за трпезариска маса.
Затоа најдобро е стакло, ова со тек на време жолтее и не се брише со ништо. Јас лично немам, ама тие што имаат гледам дека им се пожолтени, па и не се баш ефтини, стакло испаѓа поефтино. Ама обично тие со мали деца не сакаат да стават стакло, затоа ставаат вакви. @pamelche имаш и по пазарите и по дуќаните за пластика, секаде кај што се продаваат мушами.
Имам стакло на клуб масата и се гребе и крши. Два пати го менувам бидејќи ми падна тежок предмет над неа, а не е баш тенко стаклото. Од клучеви и слични работи ми се испогреба целото. Силиконот си жолтее, но е подобра опција за трпезариска маса која служи за јадење и некои домашни обврски. Тоа е истиот силикон што се употребува за проѕирните силиконски маски за телефоните. Јас фолијата ја имам 3 години и не ми е пожолтена. Но секогаш масата ми е чиста и одржувана. Ако силиконската фолија е со подебел слој, побавно пожолтува. Кај телефоните е побрзо, бидејќи силиконот е изложен често на сонце, а тоа му прави проблем.
Јас стакло имам 5-6 години и на малата и на трпезариската маса, ништо не му е, ниту е изгребано, ниту оштетено, мајка ми откако знам се' стакло има на масите, не знам ни колку години е и ништо не му е. Е да, ако падне нешто тешко ќе се скрши, а клучеви па немам навика на маса да ставам, отклучувам и на врата ми се од внатрешна страна. Мразам да имам нешто по маси освен на клуб масичката некој украс и на трпезариската маса вазна со цвеќиња, некогаш и тоа ме нервира па ги ставам на шанк или на комодата, ништо не сакам по маси. А дали ти е убаво залепено од внатрешната страна? Дека гледам кај некои не им е баш убаво залепено.
Да, убаво е залепено и стабилно е, но од страните има околу 4-5 см. што ми виси. Мене не ми пречи тоа. Ја имам само еднаш извадемо откако сум ја ставил и пак си е иста фолијата како што сум ја ставил од првиот ден. Уште една предност за разлика од стаклото е што гребките не се видливи, бидејќи на светло силиконот сјае и се неприметни, а кај стаклото се гледаат. Не викам дека и стаклото не е добра опција, но мене попрактично ми е силиконска фолија. Стаклото е поелегантно и поубаво за око. Јас купив скапа маса од 40.000/50.000 денари и уште вториот ден му ставив фолија.