Здраво девојки,треба да се вселуваме во нов стан па ако може да препорачате некој дуќани од пластичарска каде има убави и квалитетни теписи и лустери
За теписи само Мармарис, оттаму ми се сите што ги имам дома, топ се. А за лустери не би знаела, мислам тие имаат и тоа, ама немам купувано.
Меринос за теписи а за расвета, Homе light накај Кисела Вода. Кога реновиравме, прошетавме и низ пластичарска, немаше лустери по наш вкус, а и немаат некој квалитет. За теписи во Меринос малку се поскапи ама вредат за секој денар. Сеа зависи што бараш...
Каде во скопје има најпристапни цени за печатење фотографии? Ми требаат околу 17/20 поголеми, 23×23 и 23×28 кај што прашував една е 250/300. Вкупно над 5000 ден би било
дали некој знае каде да најдам како завеси од бамбус за да покријам тераса?? во џамбо има, ама некако скапи ми дојдоа дека ми требаат повеќе