Дечки кај да најдам ваква пудра на Schwarzkopf ? Се вика Osis+, и служи како лак за коса, ама не ја прави пластична како обичните спреј лакови.
@ivi1987, за комбинезонот - не знам, прошетај по Сити Мол: Теранова, Калиопе, Њујоркер и сличните. Чаша, т.е. шолја и други такви нешта со бувчиња, мачки и се' штк ќе посакаш, имаш во Ла Сој. Преубави се.
Каде се продаваат балони,ралични форми и полнети со хелиум?Повеќе ми требаат. Знам од порано за една продавница во ГТЦ,горе кај Журнал беше,не знам дали постои уште.
LaSoy се наоѓа на Климент Охридски, отприлика карши Вулкан му доаѓа, од страната кај што е Матица, одиш од Матица накај Соборниот храм, нема шанса да ја утнеш. Повели веб-страната: http://www.lasoy.com.mk/
Ми треба градник добар ама по нормална цена да е до 350 ден( без push ap), гледам во new yorker, terenova , по 650, 800 скапо .. до сега купував по 150 , 200, ги перам на рака еднаш и ќе се расипат! ?
На зелен пазар, пред влезот има една плава жена продава до стубот (ама објаснив ), од кај неа ми се покажале најквалитетни, а цените им се до 250.