Дали знаете каде во Скопје би можела да најдам тулови,ленти и други детали за декорации со пониска цена?
Ваков модел на нишалка видов лани во продавницата Еuro Tools на Бит-пазар зад постојката каде што стојат автобусите за приградските линии. Истата беше изложена надвор на влезот на продавницата. Колку за инфо, платното беше во зелено-бела (риги) боја. Не знам која е цената зашто немав потреба да прашувам. Ми падна во очи зашто убаво изгледаше.
Сакаме да купиме убави маси и столици за на балкон, ама да не се пластични. Освен во Jysk, Бриколаж, Хубо, Електроелемент, каде има на друго место?
Ми требаат алки за привезок обични метални кружни и ситни работи како мотиви за закучување на привезокот исто метални..Само не ми кажувајте зелено пазарче или др..Некоја продавница или било што по можност достава да вршат..Исто ми треба ластика тенка цврста за правење алки..Благодарам
Ламас можеби, секогаш имаат и нешто на попуст, разгледај и Рамстор, но и ГТЦ. https://www.facebook.com/ButikLamas/ NANA исто имаат убави фустани, верувам до таа цена ќе се најде нешто и таму. https://www.facebook.com/gtcnana/ Низ Чаршија исто по дуќаните се наоѓаат преубави фустани Флорис - Кочани, имаат фб страна, ама се мислам дека достава не вршат. Нивна роба сум видела во Беверли во Цвеќарата, Меркур..
Да не знаете некоја продавница за овошје во Скопје каде што можам да најдам Авокадо по пониска цена отколку оваа што е над 300ден/кг. во поголемиве маркети?
Провери во подобро снабдени книжари/фотокопирници, имам видено во мали пакувања нешто како гел-пластелин-не знам што има и со светки, со некакви гранули...