Помислив на тоа ама незнам ни каде да однесам на печатење. Ајде ќе го помислам уште малку, зошто ни јас никаде не сум видела
Каде да најдам вакво фустанче или слично во плава боја како на сликава за 3-4 години? оваа слика е од кидсзоне ама немале веќе потрошено било.
Мајки, дали имате искуство со ваков тип на тротинет? Детето ми е 19 месеци, се мислам дали да купам ваков тротинет со додатоци за седење и туркање или сепак е подобро да купам обичен тротинет за понатаму затоа што сега не би можел да го вози.
Би можел и од 19м да го вози обичниот, зависи од детето. Ова практично е што си постирала, мислам и рачка се вади и седиште.
Ние имавме сличен, ама предните тркала некако беа фиксни и после кога извадивме седиште се нервираше дека не можеше да врти лево десно па дури и сега на обичниот и претставува проблем Овој ми личи како да може да се врти. Ние не го користевме долго со седиште, зошто исто кога го туркаш не можеш да вртиш.
Има ли некој појма каде има пластелин, ама оној на парче, фактички како на големо, и исто така од тие малите калапчиња? Како за колачи. Знам дека има во тримакс, ама е 15 ден парче, многу ми е тоа.