Гумени чизми дали има некој купувано онлине? Проверена страна. И тие што имате купувано како е со броеви, пример патики ако носи 23 и од овие чизми 23 или поголем модел се?
Овие ги гледав во Метро убави се. Ама немаше бр за моето 28,-29 и земавме од ваикики. Имаш и во кеги шус и просветно дело
Јас малку доцна гледам и одговорам. На фб ми излегуваат некои primera shop, таму има два слични на овие. Баш за малиот гледав да му купам.
Од Примера пред 2 години купив теписонче за детската, ама тенок беше. Не знам дали сите им се такви. Ќе ѕирнам што има сега.
За дебелина не знам, вака по слика не можам да проценам. Со квалитет како се? За таа цена мислам дека не можам да очекувам многу.
Дали знаете каде можам да најдам moon ball?Тоа е некоја топка мала што многу високо скока не е џаволско топче поголема е.