Здраво, Дали некој знае каде можам да ги купам поска маркериве? Прашано во офис плус, штандот на стедлер у сити, поголемиве книжари, ги нема.
Некој да купувал barefoot од здрави стапала да сподели искуство? @Mucika те прочитав и ти си прашувала, зедовте?
Презадоволна, вреди за секоја пара, ич не се мисли. Дури криво ми е како во старт не им купував од таму.
Топлинки и зедов, во градинка и се. Дома дента ги видов ги проба, ок беа, лепенките не знам дали држат многу, ама не ми се пожалиле дека ги одлепува.
@Kolache na mama @Mucika фала ви женски. Бројките се според димензиите во табелата? Дали знаете дали вршат замена за евентуално згрешено бројче? @Kolache na mama соодветни се да ја истераме зимата? Да не се претенки?
Јас по табелата се водев и го мерев ноџето и мислам плус 1цм, па таа бројка ја одбрав, малце и беа широчки ама цела година планирам да ги носи. Ги земав најотворените, кај нас е топло, не верувам дека ќе му студи. Мислам дека прават замена.
Не се водев по табелата, и го утнав бројот за еден помалку, односно бројката која мислев дека треба да ја земам за него, по нивни табели е за еден плус. Ми направија замена без проблем, многу се љубезни. Му земав за секоја сезона патичиња, непропустливи на дожд и ги тестиравме неколку пати, во вир, на мокра трева, на дожд, не само што не пропуштија, туку и стапалото не му е испотено никогаш. Сега за на снег секако не би, сепак е патика, а и кога ќе се пообилни дождови ќе си носи чизмички.
И малата има. И топлинки и обувчиња. Топлинките се малку поголеми. Истиот број, патиките потешко ги обуваме. Ама сакав да и бидат баш точни дека проодува. Единствено нив не ми ги собува. Spoiler
Фала ти мама за искуството и за сликчињата. И мене за малиот што проодува ми се, зедовме prewalkers на фродо, во нив трча, со други стои в место. Ама па претенки се тие и веќе студи во нив. Се мислам сега дали пак фродо да земам, гледам има некои чевли или пак да ги пробам овие. Ги гледав barefoot на КК, некако прекрути ми изгледаа ко за "боси".
Како прооде му земав од таму. Еве го скоро 2 год е, немам купено друга обувка. Топлинки имам земено и сега нарачав од зимските со крзно. Најтопла препорака! Само мери ноџе пред нарачка, големки им се бројчињата
Дрвени играчки за 2години машко дете каде купувате? Storybox ги знам само со ептен убави, ама доста скапички им се
Во тополино има доста дрвени играчки, некогаш некои рандом страни ми излегуваат со океј цени. Бараш некоја играчка конкретно?