Се зависи од интересите на детето. Лего коцки, некоја логичка игра од гоблин, некоја интересна книга, а ако е по спортот некој аксесорис поврзан со тоа. Облека мене секогаш ми е последен избор, освен ако не е во договор со родителите и тогаш најчесто се патики/чевли по нивен избор.
Фустанче со јуникорн така свеченко на долги ракави дали сте сретнале некаде? Само на кратки ми излегуваат.
Види ги тие мартинели во просветно дело и во дм ги има. Мислам дека се прилагодени иако не сум истражувала за составот.
Јас правев сама пакетчиња, купував кутија или вреќичка и ставав шмукалчиња, здрави смоки без сол, здрави грицки од ДМ (интегрални, од крупник итн) сокче 100% овошје некое и една мала играчка.
Јас би искомбинирала нешто што знам дека јаде пример некои смоки,сокче,чоколатце како дедо мраз и плус некоја играчка ,сложувалки мали пример,некоја боенка ке им се најде секако и за понатака... Едит: и најдобра опција ми е некој персонализиран подарок како лампион да има плус
Вакви јогуртчиња од Кри Кри: Вакви овошни барови од ДМ: Вакви грицки од Белина: Чајче и какао Мандарини и киви
Што да купам поклони за Нова година за први братучеди машки, 7 и 12 години се? Немам веќе идеи. Буџетот не е толку битен. Не се радуваат како јас мала на ништо веќе... Имаат PlayStation и таблети и телефони... Некои од вас што имате деца на таа возраст, што поклони бараат? Или некој изум/предмет да е популарен меѓу децата? Знам едно време кога беа тие соковите од Тикток популарни, скокаа од радост кога им купував...
Лего коцки за таа возраст,игри некои од Гоблин ,од Зара имаш блузи со brawl stars таа играта што е популарна кај деца на таа возраст.Ова што гледам по ќерка ми ,она е 10 г.
Јас искрено ич не го поддржувам вујче што така се' им купуваат. Кога ќе дојде време за учење, борба е дома. Од што се престимулирани од игрите, тикток и слично, после учењето им иде премачно. А од друга страна па на ништо друго не се радуваат. Кога им купувам за школо нешто, само ќе го отворат и размаат нанекаде.
Може за помалото, супер идеа. И кацига да земам, и двајцата се шиени на глава од што се мирни многу. Големиот сака електричен тротинет дека сите имале, ама последно да е тоа не би купила поклон. Ако падне и биде нешто, грижа на совест ќе имам.