Препорачајте ми тротинет за големо дете. 6 год има, ама нема ни 120см. Сакам со класично едно тркало напред. Купивме еден од спортска продавница, ама испадна дека не се крева рачката и низок е, па го вративме. Сакам некој квалитетен што би го возела барем 2-3 години зошто почесто искачаме низ маало со тротинет отколку со точак.
Дечки, барам точак за мојава, со помошни тркала и со корпа. Хелп, 3 години е. До 4000 денари ми се даваат за овој реквизит не ми се даваат повеќе оти трицикалот прашина ми фаќа за џабе
Каков и да купиш, од каде и да купиш чувај фискална за субвенции. Секоја година пуштаат од град Скопје, нас пред две години на малиот точакот гратис ни излезе. Инаку ние од спортскиве го купивме, не се сеќавам точно од која или гледај во агротехна што беше, сега мислам максимус се вика.
Да да, јас неколку пати имам земано. Пред 6 години за мене, лани пак обновував за мене точак земав, пред две години за малиот. И тоа сега поповолни се, 4000 илјади (минус персоналец) без разлика од износ, нормално точакот да е тој износ или повеќе (порано беше %од износот, не повеќе од 4000 илјади). Само ќе следиш кога ќе пуштат. Лани касно ги пуштија, ама прифаќаат фискални од цела тековна година.
дали некој има купено кревет од Мебел мак македонија? Они дрвените. детево е 3.5 годинки, но многу немирно спие, а сакам да и спремам детска соба.повеќето кревети се високи и без ограда, па се мислам да земам од овие со дрвена ограда која после се вади. секако големината е 90x200 за да може и после да си спие, малку се пониски и таман ќе е мислам за сега. Колку земаат сега архитекти да ти исцртаат соба? имате бројче од некој. мала е собата па сакам да се искористи просторот, а од друга страна сакам барем креветот да е простран, удобен за спиење.
Ние имаме земено, ни го донесоа дома и го составија на лице место каде што сакавме, сега за сега само дневна дремка тера во него, но воглавно сме задоволни.
Ако не си нашла уште досега, ова го видов во Muppet Kids https://muppetkids.com/products/магнетна-табла-зајаче
Не можам да им го најдам на веб страната, изгледа веќе не го прават, но е отприлика како овој, само без фиоката доле и е со димензии 90 х 200. Син ми има две и пол години, на дневна дремка обично помирно спие, не менува позиции, ама навечер се врти на сите страни. https://www.mebelmak.mk/proizvod/9653/luka-montesori-h-natur/
Напред кога ќе се тргне оградицата, може да се користи за големи кога ќе се така? од кај нив земавте душек, гледам дека нудат?