Каде да најдам кутивчиња за роденден, некој да ми изработи? Имаше еден профил на Инстаграм за изработки на кутивчиња, ич не можам да се сетам...
Идеја за подарок-било која дрвена играчка што е со активности (мини кујна, продавница за сладолед, каса, сечење зеленчуци, сложувалки). Имам 2 год син, само тоа игра во моментов. А тие дрвените за поткачување се соленки цени, овде имаш https://www.instagram.com/kids_hut_mk?igsh=dzVjOXFscmc1Nm0z
И двете работи што ги кажа се за поголем буџет претпоставувам, па најубаво да ги прашаш. Ние на 2 години имавме и кујна и маса со столчиња, а немав мултифункционално столче. Не го купив тогаш и веќе се откажав од идејата. А мислам дека е одлична работа, мојата нон стоп се пентари во кујна на обичен стол. Ама сепак прашај ги родителите ако не ти е незгодно.
Дали некој знае црно боди или евентуално блуза за 3 годишно дете каде да барам? за маскембал ми треба...
Каде да најдам детски куфер со димензии 40-30-20 (да се рачуна како рачен багаж за во авион) ама да не е поскап од 2000 денари?
Дали некој има искуство со нешто вака ? Дали е стабилно или се џабе фрлени пари ? Или доколку сте задоволни од некакви лулашки , лизгалки за во двор може да ми предложите и од каде да нарачам
Нз за вакво дал е искрено стабилно ние од babycenter добивме лизгалка ептен квалитетна пластика супер е
Тешко најдувам фармерки за малото, одвај едни најдов шо му одговараат, дали има нешто онлајн за да мерам и да земам од кај шо имате земано барам и да се со врвца горе оти слабичко е во половината
Сите до сега што имам купено и фармерки и панталони имаат внатре да ги регулираш нели со копчиња. На тоа мислиш? Моето е секогаш со најстегнати и пак се малку широки
Горе се многу широки, нема екстра копчиња само едно, и со бројките е намалено, гледам 4 до 5 големи, 3до 4 нема никаде и во синсеј е секаде кај шо барав нема, одвај едни му земав горе има како врвца за врзување и се регулира да не му паѓаат.
На Зара фармерчињата имаат ластик за регулирање на струкот внатрешно. Ало е слабичко слим фит најубаво ќе му стојат, како регулар на друго дете. Јас такви му земав дур беше помал, сега регулар фит се ок.
На тоа и јас мислев. Па сите имаат и од Окаиди и од H&M. Па и не мора да се слим фит, сепак се регулираат, без тоа моето нема да може ништо да носи, се ќе му паѓа