Даа, и јас и земав од таму, преслатки имаше, и ги пробав годинава, сите ги надраснала. Пред некој ден шетав во Капитол во Ваикики, ниедни немаше. Забележав во Памук Пале и Локо Кроко, изгледа од таму ќе и земам.
Јас и земав минатата год од Банз исто, од Андреј компани. Капчево се подесува спрема главата. Види таму дали имаат или онлајн провери.
Да. Лани имавме кожни сандали од таму, си ги изнаносе и останаа непроменети (само извалкани). Исто и патичиња што сме земале од таму, удобни и убаво изработени.
Јас лани купив од неопрен сандали, ми ги изнафалија, ги платив 2500 и пред 1 мес си видов на Тему истите без знам к&к, 400 ден беа
Јас топлинки и купувам на мојава и во машина ги перам, нема ни конче попуштено. И проодувалки исто имавме. Сандалки немам користено
Мали мој има кожни патики од таму и сандали. Кожните патики одма им се излупи кожата,а вака личат дека се удобни. Сандалите се добри сега за сега и задоволна сум
Јас му ги земав првите патичиња од таму зимово, презадоволна сум. Пред некој ден отидов и му земав сандали. Имаат преубава политика: за да се поткрене свесноста да не се продаваат патичиња носени на други деца, ако вратиш стари патичиња ти даваат 20% на новите. Инаку се стварно одлични.
Со првата порачка ми стаса некој таков купон т.е како известување ама не знам како сфатив дека за Бугарија е само. Мислам онлајн порачувам, немаме К-К тука ама за попустот може и ќе се прелажев на кај Ск да доаѓам.
Не знам како е за други места можеби е политика на цела компанија. Јас не им приложив ни сметка ниту па доказ. Само ги дадов патичињата они знаеја дека е од кај нив.
Не знам за квалитет. Вака ок беа ама па колку носи дете сандали 3 месеци. После тоа ги гуглав нигде не најдов производител. Овие беа.