Здраво, ако може да ми дадете предлог детски продавници кои имаат и достава. Барам играчка за прв роденден, поубава. А може и некој што изработува нешто персонално, ко шаторчиња и слично. Фала
Здраво девојки, имам количка chicco trio best friend, на која и се оштети (излупи) обвивката од еко кожа на рачката. Дали знаете каде би можелa да ја заменам само обвивката?
Во Tac да видиш. Евентуално и Стружанка, Памук Пале и Ситник. И во Икеа има многу убави (не знам дали има со мече) ако има кој да ти донесе
Синсеј има дезени со маче. Мислам дека без долниот чаршав се, ама има да се купи, со ластик се. За квалитет не знам. Во Скопје не знам во која продавница ги има, Струга/Охрид ги има. Види онлајн. Има и многу џиџе перничиња со маче и куп тракаташки.
Уште тротинет немавме купено. Има точак, не разбирам зошто и е потребно уште едно превозно средство, ама ај, маж ми полесно потклекнува на нејзе. И сега гледале во Номад спуштени од 4000 на 2000 тротинети, јас не се сомневам дека се поквалитетни од другите ама рачките се фиксни не се подесуваат нагоре надоле. Дали мислите дека е премногу неопходно да се подесуваат рачките инаку е 3 г. и 8м. И каде има некои солидни најевтини тротинети колку да им помине меракот на двајцата? Колку се отприлика со цена? Стварно не ми се даваат пари за уште една „играчка“ што ќе остане неискористена.
И ние имаме дома возен парк. Мм се запна за тротинет, оти на еден роденден демек покажа интерес, го купивме од Локо Кроко околу 1200 ден. баш колку да им пројде меракот на двајцата. Чат-пат се турка низ двор, ама мала е, па некој мора да ја турка, мојата е 2 и пол.
Во енци менци има,за 1500 ќе најдеш. Големиот 4та година го има,рачката се подесува во висина и се расклопува за во кола. Пред неколку недели купивме и за малиот од таму а и тркалцата светкаат
Симпо. Имаме купено од различни места за два кревети (еден од Симпо, еден од Алмеро). Овој од Симпо е поубав. Сега ќе менуваме и во спална, ќе си земеме од Симпо. @LiquidLuna Bombaciio. Имаат голем избор на материјал, си бираш какви сакаш и ти шијат. Имаат и готови мислам https://www.facebook.com/share/1Gbekw58kW/
Предлог од каде да купам некоја поквалитетна опрема за дождливиов период што следи, за дете 1-1ипол годинка? Водоотпорна есенска јакна, чизмички, комбинезон..
Јас му земав од синсеј сега гумирани панралонки со јакничка, ептен се убави долу на целосните панталони има и ластци за под нога, мене ептен ми се свиѓаа. Чизмички гумени има од H&M.
Сис бара фустанчиња за децата да се исти или слични, за 2 и 13 години. Има земано од зара порано ама нема. Идеја, а да не е шиење по мерка?
Не ми е за тука прашањето, ако треба префрлете го: во синеплекс може да оставам деца од 5-6 години сами во сала да гледаат т.е. дали дозволуваат или треба родител? И дали детските проекции пример Лило и Стич или Штрумфови имаат синхронизиран превод?