Има една страна на инста, досега сум задоволна, stiquette.mk. Имаат и за алишта стикери и за прибор, само оваа година уште чекам да ми пратат веќе ме фаќа инает. Инаку си одбираш тема, име итн.
Душек за единечен кревет, каков (мемори пена, жичано јадро) и од каде? А гледам и различна висина т.е дебелина има, има тоа нешто врска?
BP Fashion Kids на фб и инста сега ми излезе имале есенска колекција. Материјалите им се убави, јас за бебо имам нарачувано. А има и убави фустанчиња.
Со жичано јадро за деца е подобро,т.е. потврд. Ние земавме од Алмеро, ама не очекував дека ќе биде толку тврд
Ние имавме брачен од Синпо со пружина во џеб. Не знам кој модел, ама од најскапите. За 4 години се направи партал, и беше мноогу неудобен за спиење. Сега имаме дормео алое вера, само мемори пена и се препородивме. И за синко земавме ист. Поточно прво за синко, па потоа и нашиот го сменивме. Гледав Магнифлекс, удобни, ама многу скапи. Дебелина не знам, овој е тенок, ама е одличен. Подебелите имаат повеќе слоеви на пена, а дали има оправдана разлика за цената, не знам.
Моја препорака Федербау,ние такви имаме на децата креветите,на спалната ни е на Алмеро и тој е супер,ама мене на Федербау ми се поубави,со жичено јадро се нашите,цврсти ,многу убаво се спие. Имаат мислам салон спроти Лептокарија на Партизанска.