Убаво боди на долги, ми излагаа некои страни ма фб пакувани по 5 или 7 парчиња летово сеа никако да најдам
@Ano мислам тебе те имам читано дека имаш земено магнетни коцки од Тему Некој проверен линк ако имаш, те молам да споделиш
Препорака за гумени чизмички кои што не пропуштаат, ве молам само со искуство. Предходната година зедовме многу слатки од Ваикики но пропуштаа...
Од брендот Pandino? Баш ги гледав пред некој ден, но вработените кога ги прашав не беа сигурни дали не пропуштаат навистина .. Иначе имаше баш убави
Не јас имам од тука. Едните ни беа подарок, другите од панда мислам ги купив. За жал едните со другите не се компатибилни. По големина се исти, ама магнетите им се обратно и се одбиваат наместо да се лепат. Од тие првите што ги имавме на податок никаде не најдов ист бренд. Разгледај во играчки панда, па и херби има за пристојни цени. Поефтини се од конетикс од сторибокс и тополино, а сепак се добри.
Производите на vibbo дали ги има во некоја продавница, или само онлајн се? Воедно освен од таму, препораки за вреќи за спиење со ногавици за 4 години?
Таа на Топер не знам дали некаде може да се најде. Има такви слични на Просветно Дело и ги има по книжари (посебно за девојчиња, посебно за момчиња).
Здраво, предлог за некоја книга со сказни за 4 години, оваа ја имаме, и сите од биби и боби, некоја што не се повторуваат многу истите зошто напамет ги знае
Каде да ја најдеме книгата, ја немаме, стварно ли има 365 приказни ? Може ли онлине да се порача од негде?
Јас ја купив од Андреј компани, во издание на Просветно дело е. Има приказна за секој ден во годината. Не се многу долги, некои од бајките се поделени и на фрагменти во 3 дена на пример. Побарајте на страната на Просветно дело или во нивните продавници.
Каде да најдам вакви или барем слични фигури со полицаец, доктор итн? Исто и дали сте виделе мали гумени/силиконски/дрвени превозни средства, некој сет?