Ич не ми текна на тему, фала ти. Инаку ние во средата дури стигнавме да одиме во лидл, ама буквално сѐ беше раскренато, само уште кујни имаше и лего. Гледам во каталог од понеделник ќе има нова куќичка, ако не успееме да одиме, планирам да ја порачам оваа https://www.wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=A85147
Јас обратно. Куќичката ја земавме , а кујна немаше. Ама во српскиот уште пред месец. На крај кујна земав од Стоко. Не е лоша. Требаше да се договориме.
Идеи за симболични подароци новогодишни за тинејџери? 13-15 години и за машки и за женски. За помалите за сите смислив и веќе купив уште оваа категорија сум тотално без идеја.
Книги, козметика, шминка, несесер, сет за бањање, тоалетна вода, маичка, веш, чорапи, капа/шал/ракавици, некој сет за цртање/боење ако има уметнички души.
Да видиш по маалски продавнички што држат турска роба, мислам дека брезе се викаа едни многу убав квалитет имаат
За женски би направила пакетче со шминки со празнични бои единична сенка за очи можеш златна, црвен лак за нокти, juicy bomb сјај и крема за раце. За машки би купила парфем, гел за гуширање со дездоранс или зимски шал.
Здраво Каде да најдам ваков сет за доктори, ќерка ми бара нова за година, на неколку страни прашав по 1800 ден се Некаде по евтино да најдам а убаво интересно
Девојки тука ќе поставам прашање зошто не знам каде е соодветно. Оваа зима планираме со 2 годишно детенце да одиме на кратко зимување, 4 дена, зс прв пат. Гледав во синсеј има комбинезони што според сликата изгледаат како за снег, но не сум сигурна дали би бике соодветни, а да не се премногу со цената. Сепак би било тоа за една сезона, 4 дена, но да не утнам па да бидеме мокри цело време. Што мислите, некоја има ли искуство со овие продукти?
Добри се. Мој предлог е да земеш само долен дел скафандер и да си ја носи стандардната јакна што ја има. Јас вакви земав за син ми лани, на снег не пропуштија воопшто. Не заборавај и такви ракавици да земеш. Оние плетени од едно фаќање на снег се мокри. https://www.sinsay.com/mk/mk/ski-pantaloni-889dx-04x