За колкаво дете? Gencbebe или BiBaby имаат за до кај 2год. Иначе во ПалмаМол да видиш по продавниците, јас најчесто од вајкики му земам. Сега и H&M отворија ама нема нешто многу избор.
Здраво каде можам да најдам вреќичказа спиење за 3 години со 2 тог , или има некој од виббо гледав 1.5 тог е како е задоволен на која температура спие детото со неа , дали е премногу тенка )
Ама дали се како што треба, купувам и фејк, ама не сите фејк се добри. По грешка земав едни, ако ги погледнам настрана се растураат. А малава ми е почетник
Не знам дали сум единствениот среќник кој нема нагазено на лоши фејк. Пу пу За оргинал се прежалувам оти и мене ни ја пунат душата, ама кога ќе ги растурат тие поскапите, душата ми се кине Скоро ја местевме оргинал 75433 додека не беше целосна се клацеше. Ама сега е дрво Еј ми ка напуни душата со прашањето. Имаме заедничка опсесија
Имаш по европа некој? Имаат холанѓаниве и германците огласници, се наоѓаат мнооогу опции, па да ти ги донесе некој. Друга опција на фб огласниците да пишеш сигурно има луѓе што би ги продале само не знаат дека има ко нас што би ги купиле . Имаше пред некој месец објава на фб од некој дечко, се залетав, ама беа претежно машки сетови и беа измешани по кг, и тие таквите сум скоро убедена дека се од странство. На пазар3 и сл сум барала и нема Ама ако се најде овде некој што сака да се отараси и јас сум заинтересирана
Дали има кај нас нешто како Yoto или Toniebox за деца сами да си пуштаат музика, а да не е таблет/телефон? Некој транзистор, како радио со касети и сл. пример https://youtube.com/shorts/AMpueY8rv18
Јас имам блутут звучник со мемориска картичка. Имам рипувано златно славејче од цд и плус од јутјуб симнато песнички, а може и приказни. Сама го користи од 2-3 години и е топ работа. Си прави журки во соба, си го носи на одмор, во кола си пушта музика. На бокси пример има и мк аудио сликовници/приказни па може и на звучничето да ги слуша. Тониебокс е мн ограничувачко и македонски нема.
Убави детски столови за пред биро? Со потпора за нозете , сте виделе ли некаде? Се што видов неккао не ми фааќа баш око
Еј супер идеја! Фала нај! Баш нешто такво замислував, а не знаев дека на самиот звучник може да има контроли и картица. Ќе побарам некој таков, ако не се снајдам ќе те барам да ми кажеш каков модел е од прилика Тонибокс ај што ги нема кај нас, изгор скапи се, а има „празни“ фигури да купиш па да си симнеш што сакаш ама и фигурите се скапи Јото малце поефтино ми се виде, ама и тоа го нема тука, а и малце ми се гледаат како измислување топла вода, касетофон Јес да би платила попрво тоа него да слушам „неее таа песнаааа нееее“ кога иде аутоплеј пошо ми се чини дека нема да престане следните неколку години
Ние имаме ваков. Не е којзнае што ама мене ми е супер. Ќерка ми знае да си смени песна, да намали и зголеми тон, знае батеријата кога е за полнење, мислам стварно нема филозофија. Друга опција е некое плеерче, тие се со екран и таму може да си ги гледа и песните како се по ред кога ќе разбира повеќе, ама јас несакав такво. Не дека тонисот не е шизички, ама само тоа е Другарка го зема, мислам дека нејзе и беше мерак, ама она има намера на старо да зема од фигурите и има од каде, ама пошто и дадовме звучник и картица со песни мислам дека ќе се откаже
Скафандер земавме пред нова година од Синсеј, имаше и панталони со трегери и целосен скафандер, цена околу 800-900 денари. Само во некои продавници има, во некои нема величини, ние од Рамстор земавме.