Ок беа тогаш, сега не знам да ти кажам, ептен има промена на цените од пред 3 години. Најдобро да си прашаш, јас скроз други димензии барав и со цени не можам да ти помогнам.
Кај да најдам памук ќебе за машко...сите што ги видов се синтетика,а од Тач нема избор 1 до 2 ќебенца
Дали сте ја зачекале јакнава во Синсеј или онлајн линк Чизмите ги најдов, ама за јакната никаде не ми излезе
Каде да најдам пиклер триаголник со даска за качување/лизгалка и полукруг исто како скала? Јас најдов додуша, во littleone, ама 16000 е само триаголникот и уште 12000 минимум за останативе работи. Во Мапет имало баш како што сакам, ама распродадено. И Тополино има нешто слично, ама многу е малечко. Или да знаете некој што може да изработи?
Ако те носи патот за Солун, купив преубав сет за 123 евра, повели линк. Мапет ми кажаа дека во јуни пак ќе ги имаат.
Контактирај ги kidshut mk. Spoiler Ова се цени од пред 2 години, сега може да се покачени. Изработуваат и полукруг, само не знам цена. Spoiler Spoiler
Каде купувате балетанки, чевлички за девојчињата? Има ваикики и синсеј? Или некоја локална продавничка може предлог исто. Фала.
Најмногу ваикики. Синсеј повеќе патики сум наоѓала. За некое чудо 2 пати во рамстор маркетот имам најдено балетанки, по 300 ден. Ништо посебно не се од никоја од овие продавници, ама чисто за сликање со фустанче топ биле.