Каде да најдам играчка нилски коњ, ама да биде или плишана или некоја што свири и свети? Исто така ако сте виделе блузичка или тренерчиња со нилски коњ и тоа добро би дошло
Еве ова, ако ништо друго, сигурно свири хаха Ова исто ми излезе, а ова претпоставувам дека е тврда Или да прашаш да ти исплетат тие што плетат
Девојки, мала помош Предложете онлајн страници за играчки. Поконкретно барам мало розево Порше Значи мала играчка, но не знам ниту една страна, дека ова не е мој домен Па ми текна тука да прашам, може некоја од вас знае подобро да ме упати. Или некој да видел некаде Оваа големина или помало Однапред благодарам на одговорите
Каде да најдам убави патичиња пролетни, мало бројче 20-21 отприлика, само да се анатомски, т.е да се со мек ѓон? Битно ми е да не шетам по продавници да барам туку да одам и да ги купам, само не кеги зошто не ми се допаѓаат како се изработени од таму. Претходните ни беа од К-К ама гледам доста ги поскапиле. Цената да не е превисока.
Каде да најдам чисто црна или бела блуза на долги за малата 98 или поголем број зависи , за 1ви април ми треба
Барам костим далматинче целосно, за 15 месеци. Сакам да ја облечам за во градинка ама да и биде удобно, имате видено негде?