Има некои игри како забавни,сложувалки и логички игри ,некои комплети за моделирање,коцки како лего и такви други занимации.
20месеци е ама ептен ситна. Количка јок не сака. За шеткање од ваму до таму си викам трицикл да земам. Бев во локо кроко сите ги испробавме, некако ептен ми се гломазни и кинески ми личат. Ќерче среќна беше и бараше пак и пак да се вози Тоа значи дека нема за џабе да го купувам ?! Шо мислите. Освен локо кроко ама така по убави а да не сс 10.000 денари кај да гледам? За тротинет ми е мала.
Трицикл е супер, да и купиш нема да зажалиш за парите посебно овој период, гледај ги тие LC1 LC4 од локо кроко
Само мојава на ништо не седнува значи. Не трицикли не тротинет 3 у 1 не знам ти каков не колички ниски да се вози. Јок. А надвор се џапа по децана.
Исто исто, сегде во раце го носиме од што нејќе повеќе од 10 секунди на газ да седне. А прв е да ги бутка туѓите тротинети/точачиња.
Хахаха. Јас сега нема теорија да излезам со нејзе никаде подалеку. Си реков трицикл. За чудо среќна беше. Ај ќе видиме во следнА продавница. Гледам во либерта има на cocole со реверзибилно седиште и плус со наслон за дремнување . Го има некоја мајка?
Тргнав да се фалам гледам таман си прашала. Иста беше мојава. Во количка до 10 месеци после нема шанси, дома буткала, баланс точачиња ништо. Не погледнува. Трицикал на cocole уште од роденденот ни стоеше спакуван се до четвртокот кога ми се направи модрица дури од што ја носам во раце. Не знаете колку му се израдува. Низ цело мало шетавме и вчера и сабајлево она плеска со раце, среќна што да ти кажам. https://www.libertabebecentar.mk/ig...di/coccolle-spectra-plus-5-in-1-sunflower-joy Овој го имаме. Успеав и да го склопам цел, не е тежок многу. За сега јас задоволна.
Не бе чудни се жими се, јас мислев моево е само такво. Нејке ни на лулашки ни на тобоган (со мене) да бутка тротинет може ама не дај Боже да седне. Ако сака да се вози купувај нема да зажалиш. Еве го нејзиниот го гледам и он ме гледа и така си се гледаме ја и он пошто ќерка ми не го регистрира, ако го турнам накај неа бега и пишти (се плаши). А да седне во количка уште од 10 м ни е крената. Од спиење на нозе и на спиење. Гзот само за у вц и е.
Ти го препорачале погоре, Рито од енци менци. Квалитетен,ние околу 5000 го плативме пред 2-3год. До кај 3год го туркавме ние,сега на 3ипол го вози сам. Се вади рачката за туркање и се расклопува за во кола.
Каде да најдам двострана табла за цртање? Од една страна со креди а од друга страна со фломастери се црта. Како на сликава
Ние го имаме, јас не сум задоволна одма се расклати. За тие пари не вреди, барем нас така ни се погоди.