ич не ми текна, фала ти. ќе провериме обавезно, има продавница кај нас. онлајн гледам има поголем избор од банз. Фала уште еднаш
Дали негде во мк имате видено soft floor beds за деца од овој тип? Димензијата ми треба да е повеќе од класичен детски кревет / нешто како queen bed / 140-150cm широчина
Зимава имаше во Ваикики. Сега не знам дали има уште летна колекција е се извадена секаде. Онлајн најдов на Reserved: Огртач Mickey Mouse Боја зелен - RESERVED - 587GC-67X https://share.google/ZGatdvMqV8DIN0v51
За какво дете и кој број? Имам од син ми ново од роденден, нема шанса да облече нешто такво, мислам за 4-5 години е. Ако сакаш ќе ти го дадам.
Каде да најдам сандалки што не се 3000 а се удобни? Најдов во синсеј за 600 преубави ама најмалото бројче неа и се големи.. и онакво за на плажа пончо ли какао и да се вика, и како пешкирче и како муслин прекривка..
За мало дете јас би зела Ипанема со затворени прстиња напред. И Матстар да видиш за поевтини варијанти. Гледав и таму интересни модели. Ова во продавница физички.
Земав од Зегин на Памперс, ако ти одговараат ѕирни таму, ја за ќерка ми земав 5-6ка, тоа бројче, 14+ кг пишува на нив.
Ја земав од k-k вакви, имаше избор од околу 1000 нагоре. И во спортските види има од прилика тие цени, и поскапи секако. За мало дете и јас мислам затворени напред. Само не знам гумава како ќе се понаша на топло време да не лепи на испотени ноџиња https://k-k.mk/product/sandali-ipanema-barefoot-vo-nezhno-rozeva-boja?cv=33250
каде да најдам муслинско пончо за на плажа за над годинка? лани имавме од ело ама сега немаат залиха за од 1-4год само за помали имаат