Јас купував од маалска продавница за памучни работи, оние што продаваат пижани, долен веш, постелнини и слично. Сигурно и во Стружанка и Ситник ги има. Или ете на Ананс има. Или тука https://nanam.mk/produkt-kategorija/vrekji-za-spienje-bebe/.
Каде да најдам балон бр 2 , ама да не е голем туку таман среден да е балонот? нема ни во џамбо, каде на друго место да најдам?
Од каде им купувате на скоро проодени деца гумени сандали за на плажа? Гледам во Чико има, добри се? Или од друго место препорака? Ви благодарам
Препорачајте ми сандали за 4,5 год поголем број, некои кои нема да им прават плускавци. Ипанема имаме 10 пара, незаменливи ми се, ама поголеми од 28/29 нема, а тие и се кнап. Кои се најслични на нив и да имаат поголем број и да се удобни на босо ноџе. Преферирам да се затворени како ипанемата затоа што имала инциденти со сандали со отворени прсти, ама гледам за поголеми нема баш па ќе прифатам и отворени напред. Има вакви адидас и прават плускавци после долго носење. Исто и ваков тип сличен имаме од кеги и прават плускавци. Најчесто горе напред кај горната каишка. И пробував слични како овие два пара, додека пробуваше да одлучиме кои, веднаш и се изиритира ноџето кај каишкиве и не и купив. Не знам какви сандали да и побарам, ми требаат и за на плажа, и ми требаат за секој ден до градинка или шетање.
Исти проблем има мојов, со сандали и влечки особено стил крокс. Сандали најпогодени еве втора година по ред земам од мат стар или некои со материјални каишки за да не го убиваат. Да не се кожа или пластика нешто такво груб материјал туку меки.
На мојов само Cartago му одговараат ама машки се, женски модели мислам нема...исти стил ипанема само нас ипанема тој проблем ни го прават, плуски горе кај горниот каиш...Овие трета сега дури четврта година ги носи треба да му земиме сега нов број, иста боја само различен број, гумени, ги носи за дотерување, за плажа, за градинка, за се, ги перам на рака, во машина за садови, во машина за алишта не мрдаат, се сушат за некој саат...ако не ти смета женско да носи тегет боја имаш моја препорака, ги наоѓам на д спорт, во монд и во локални продавници https://mond.mk/product/cartago-york-sand-detsko-2/ го напишав цел пост, отидов да најдам линк, никаде ги нема, само ги најдов овие на монд, и тоа само две бројчиња...лани имаше од сите броеви, а зимата имаше на д спорт за по 400-600 ден истиве намалени...колку криво ми е што не си купив за референца, син ми носи 26 адидас, овие 25/26 му се скроз кнап од лани ги носи сега овие недели ама кај и да е ќе му треба нов број...се надевам инфово ќе и се најде на некоја мајка