Каде може да најдам чинии со Соник за роденден да се послужат ? во Џамбо ги нема, а од Тему немам време.. кој знае кој може да ги изработува нека ми пише
Два месеци барам кревет за ќерка ми ми се смачи - сакам да е низок 20-30цм од земја и мек тапациран или сунгер од овој тип, funbed.mk ми се прескапи и нејкам душек од нивниот сакам сама да си купам / тој ми е сунгерест ептен за играње. Сте виделе ли негде вакви ниски модели меки, низ салониве се е дрво и високо ја не знам кој купува дрвен кревет висок 60цм за дете останати во времето со моделиве скроз
Здраво , препорачајте ми топлинки од каде да земам . Последно земавме од кеги толку многу мириса дури не ми се веруваше бидејќи до сега све сме земале од таму.
Јас сум задоволна и од Мат Стар на Досс и од Обуча Метро никогаш не ми замирисале, види од Топлинки.мк и тие ги фалат.
Кола, како за барби кукла да собере, поголема, кабриолет и багажникот да и се отвара? И ако може да не е 4000. Или ако има некој и на старо да му ја купам. Не можам да најдам со овие барања на ќерка ми. Се се за помали куклички.
да видиш во овие што прават по нарачка? @Butterfly30 од toplinki.mk, сега пишував и во друга тема, задоволна сум доста, за големата со години зимам од кај нив, сега и малото ќе иде во градинка и земав исто и на неа.
Малце ми е смачено од молење мајстори ниеден не си стоеше на зборот пред 2години кога се вселувавме во овој стан ако имате некој предлог од добар мајстор што не влечка со месеци работа за вакви работи одма кажувајте
тетка ми сега правеше кревети по мерка за цел стан во ајде дома, отвори ги види баш, они се многу задоволни, нив им требаа кревети со помали димензии а сегде продаваат стандарт, баш се измачија додека ги најдоа, ама се ти си бираш они ти прават
Ние оваа кола ја имаме. Собира 2 барбики и се отвара горниот дел. Гепекот не се отвара а доаѓа со додаток како бензин да ставаш. За какви се не глупости даваме пари не ми се верува..
Ни мене.. А јас па паѓам на вакви работи кога ќе ја видам дека се заигрува слатко. 3 дена и е спакувана торбичката на барби со храна за да оди на одмор. 3 дена кола нема за да отиде пустата на одмор. Ќе и се расипе храната. Ја видов колава, ама не и ги исполнува критериумите, најдов некој џип за да може да стави позади куфер и торба ќе видам дали тој и фаќа око, пошто сакала и два реда седишта за поголемо друштво да биле . За 50 евра може и југо на отпад да и најдам па да си има вистинска кола, таман може и кров да нема.
Леле ме изнасмеа слатко, мојава е 16 месеци уште не знае да бара работи ама си реков леле што ме чека хаха
Каде низ Скопје може да се најдат производи од Алкалоид берово, тетра пелени, муслин, ќебенца и сл? Ананас ги држи но би сакала физички да ги видам
Ако не најдеш, погледни ги во ваикики - топ се. Имаш и мали и поголеми со убави дезени. Пред 7 години се и уште се здрави, без дупки. Само дезенот е избледен.