Ако е прв пат, нема посебно убави, мора да се медицинки и да ги носи одреден период. После тоа можете да си ставите други. Иначе во гтц во тоа Блинг блинг дупнуваат наеднаш две и многу се океј со деца.
Мајки на постари девојчиња од искуство да ми кажете дали куќичките за кукли ви се искористена или неискористена играчка и какви имате? Ќерка ми ќе прави сега 5, има и мали куклички и барбики, има сетови и од тие и од тие. Имаме едно малечко плакарче моментално кое е уредено како куќичка на 3 спрата, со сите соби, ама просториите се за мали куклички, го поигра кога го направивме и толку, мебел има за во сите соби што сме купувале од претходно. Знае да се пожали големите (барбиките) не и ги собирало во куќата. Ама искрено не знам ни дали ако купам поголема куќа дали ќе ја игра. Во лидл сега ја има на флаер и нивната голема куќа, ама и таа е за помали куклички. Од другаркиве добивам различни мислења, некои играат, некои не играле воопшто.
За ниту една играчка не можеме да знаеме дали ке се играат или не. Ниту пак две деца имаат ист интерес. Во друштво имаме многу машки деца и буквално немаат иста играчка (или ист тип) која сите ја имаат и користат. Ако ти влегува во буџет купи ја.
Мое мислење е дека ако не игра со малата, нема да игра ни со големата куќа. Мислам на секојдневно играње, а не еднаш на којзнае колку време. Пре би вложила во некоја играчка што ја нема воопшто, отколку пак во иста/слична играчка.
И јас така мислам ама ај викам да видам искуства да не има врска што не и е толку џиџана и по нејзин вкус, или можда има некоја што не сум ја зела предвид, не сум го истражувала нешто сериозно пазарот за куќички, пошто нели ѓавол ипол се, поготово тие на барби а игра со куклите не дека не
Децава се чудо со што се заигруваат имаме играчки што се богатство и ич не и се интересни а некои глупости купени онака за да има занимација у кола или не знам што … игра со нив со месеци така да ако ти е убаво да ја имате купи и ја ја и маж ми сме луди по играчки и само купуваме стварно преинтересни ствари има денес и мерак ми е да ги има па играла неиграла тоа е … ќе ги подариме на некое друго… ќе игра тоа понатака можда
Во план сум кога ќе завршиме со градинка ако немаме во фамилија некое помало дете што би наследило играчки, се што е соодветно и здраво да заврши таму. Е дрвениве играчки секако не се оштетуваат многу и веројатно тогаш и ќе ги дадеме. За куќата може да и понудиш таа што ја имате да и залепите стикери. Или некои ламбички на батерии. Од материјал да направите мали перничиња, ќебенца, или како од хартија тапети. Да нацрта некоја мини слика. Може така повеќе интерес би пројавила. Ќерка ми е помала ама купишта играчки (зошто многу купуваме) ги има само колку да ги има. Во некоја куќа играла пола час со играчка, сме ја купиле за дома истата, не сака ни да ја види.
Кај да најдам заштитен водоотпорен за душек ама да не шушка за спалната имав еден го фрлив за една недела премногу ме нервираше. За новиот кревет единечен на ќерка ми сакам некој убав што не шушка
Каков имаше на спална? Целосен како овие чаршафите со ластик? Јас имам од оние што се ставаат на душекот горе само (баш горниот дел го опфаќа само), а имаат само 4 ластици странично за ќошевите за да се прицврсти и не ми шушкаат тие... не потат...
Мене ми шушкаат и ми се разместуваат овие. Од стружанка имам земено. Таков гумиран односно што не пропушта на времето од мој сан имам земено и тој беше ок ама беше со ластик од сите страни, таков барав пред некоја год и не најдов. Јас и ставам од простирките од дм големите, под и над нив имам чаршав обичен со ластик. Ако се измочаше фрлав простирката, едниот чаршав за перење и си имаш кревет наместен. Реално што и да ставиш доле што не пропушта влага ќе поти повеќе од памук, друго за да не шушка што и да е, стави одозгора убаво затегнат чаршав со ластик и нема мн да се мрда тоа одздола нема да ти шушка. Ама јас освен тој од времето чаршавот не сум нашла друг водоотпорен убав.
Ич не се сеќавам од кај ми се Може да е Стружанка... Јас ставам такво, па памучен чаршав врз тоа со ластик и врз тој плус без ластик.
јас имам таков баш мек, ама да ме отепаш не знам од кај го купив. побарај на нет може ќе ти излезе, или памук пале да провериш, можно е да ми е од таму.
Да баш таков како класичен со ластик беше ама жива пластика од бебе маркет го имав купено. Сакам мек а заштитен - од каде го имаш купено твојот?
Јас имам од Виденов поранешно сега Велеа хоум, ама пред 2ипол години, на изглед ми стои истиот дека е, има повеќе димензии. https://velleahome.mk/zashtitnik-leoni-klasik-5