Каде да најдам детски абажури за ламби од икеа како на сликата.Го имам синиот и го купив одамна ама немаше.и сеуште нема во таа продавница други модели..On-line ги нема во мк
Просветно Дело обично имаат избор на чадори. На линокв може да провериш достапност по продавници https://prosvetnodelo.com.mk/Produc...=23&IdCategory=23&IdFilter=1&SearchTerm=чадор.
Дали некоја има идеја каде би можела да најдам нешто како ограда/заштитна преграда што се монтира? Моја блиска има потреба од таква ограда, има две близначиња и сака да ја подели собата на два дела за да може да ги пази подобро децата додека таа готви во кујна и слично.
На вакво нешто да не мислиш? Има во Бебе Хоум, две имам и сум задоволна, супер ми бркаа работа. Како да видов и во Џамбо долу во делот за бебешки работи, само не видов колку пари се. Има и додатоци, се додаваат во зависност од тоа колкав отвор сакаш да затвориш. Ѕирни ги тука. Едит. Сега видов дека сака соба да подели Колкави се децата? Ако се помали, може и со огради на Долу некако да смисли комбинација, може и право да ги нареди или вака како во ,,круг".
Ограда и треба околу метро, метроипол, не само вратничка оти сака да ја подели дневната од трпезаријата. Децата се 1 година, одат, и се качуваат насекаде па затоа кога би биле во иста просторија со неа полесно ќе и биде. Оваа оградата на Долу од каде е? Која висина е дали знаеш?
Нешто вакво не врши работа? Едит: сега прочитав дека се година децата. Тешко дека ќе и заврши работа ова. Тоа другото на НАМА мк го видов https://nama.mk/proizvod/ograda-za-igroteka/
Во Андреј Компани купив од Долу, две кутии зедов за да имам доволно парчиња. Убава и цврста пластика е, а има опција на подот да се зацврсти не сум сигурна дали со штрафови или со шајки. Иако не знам дали некој би дупчел под за ова Висина од прилика е 55-60 cm.
Каде да најдам комплет со мики маус, ама не секојдневен, нешто по фраерско, неможам да најдам нешто барем како овој, макар што и ова ми е некако обично