Куфер женски средна големина, кај има дали знаете? Има 9 години, да не е баш она бебешки(со цртани ликови).
Дали знаете овој модел на најк за деца кај можам да го најдам во мк? Или некоја страна достава што има до мк?
Мајки на дечиња што имаат виткани коси, користите ли некој спреј или некој гел за коса, да е добар и убаво да ги обликува локните, предложете ми нешто и каде да го купам
Не знам колкаво е детето. Мојата е 18м и не помислувам да и ставам препарат на коса освен тоа што е за миење. Не и го чешлај косичето после бањање, утапкај ја водата со тетра или микрофибер, не со пешкир и не да триеш пошто е груб и ги раздвојува влакната, остави ја природно да се исуши, не со фен, така најубави ќе и бидат локните. Виткана коса не сака многу префаќање, така ќе и се растурат, исчешлај, измиј, упиј ја водата и пушти коси ветер да ги носи.Можеш со некое природно масленце мн малку да ја "згужваш" косата или нешто ако сте користеле за мачкање, ама тоа и ќе измрси да знаеш.
Истото го прашав пред пола година, го добив истиот совет од @Mucika и прејако и е косичето без ништо да ставам. Локните се баш локни Само ич не можам да и ја врзам во репче од локните, на ништо не личи почнаа и шишките локнести да и стануваат а и беа прави
Е нема залижана коса со локни, збогувајте се од тоа си фатил со чешалот едната страна, дур ја фатиш другата првава се растура. Земете штипчиња минијатурни и фаќајте кај стигнете.
@Grasiela** Исто и јас оставам косата природно да и се исуши, само тапкам со пешкир да се впие водата и ја оставам така. Косата и е како федерчиња. Но некогаш се случува да и е заплеткана многу, се врти многу во спиење. Во тој случај користам спрејче на Urtekram да го расчешлам заплетканото. @LiquidLuna За врзување само шишките во пунџиче горе и толку, другото ми е mission impossible.
Каде да најдам од оние ланчиња со привезок што се дели на 2 дела best friend? Ќерка добила идеја да и поклони на другарката, а јас не знам кај да барам